Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Иуте Кредит донираше сензорна соба во ООУ. „Гоце Делчев“ во Прилеп во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

19 окт. 2022 г.·4 мин читање·886 прегледи

Следете не на Viber

Нови можности за подобрување на способностите на децата со типичен и атипичен развој, со новата сензорна соба во ООУ „Гоце Делечев“ во Прилеп, прва во градот во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.

Стручната служба и наставниот кадар во ова катче ќе може да работат со децата и да ги насочуваат кон задачите и полесно да го одржуваат нивното внимание, да изведуваат координирани моторни активности, самостојно да планираат и реализираат нови задачи, како и да развиваат социјални релации.

Iute Credit како општествено одговорна компанија по трет пат се приклучува кон иницијативата за подобрување на капацитетите училиштата вклучени во проектот и ја поддржа реализацијата на оваа сензорната соба.

„И овој пат сме среќни што имаме можност заедно со фондацијата „Чекор по Чекор” да бидеме дел од изградбата на сензорна соба која со сигурност ќе им помогне на учениците кои имаат потреба од неа да напредуваат и полесно да ги совладаат наставните материјали. Секоја инвестиција во ваков тип на проекти ја гледаме како инвестиција во едно поздраво и понапредно општество каде децата и младите имаат еднакви шанси за развој, квалитетно образование и поубава иднина“ – рече Јасмина Апостолоска од Iute Credit.

Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ истакна дека сензорните соби претставуваат инструмент за подобро учење и развој на учениците со попреченост, а со тоа сме и поблиску до квалитетно образование за секое дете.

„Оваа е 17 сензорна соба реализирана како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Тие се опремени со елементи кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со хиперактивно однесување, ученици од аутистичниот спектар, деца кои имаа проблеми со моториката и сл. Изборот на опремата и елементите во опремувањето на секоја сензорна соба, го правиме низ консултативен процес со специјалните едукатори, педагозите, психолозите и наставниците во училиштата со цел тоа што ќе се набави да одговара на нивните потреби, за да можат тие максимално да ги исползуваат во нивната работа.“ – изјави Џајковска.

Сензорната соба е спроведена како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, и е пример за суштинско вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и придонесува кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во државата. Подготовката и крајниот резултат од оваа активност може да ги погледнете на следниот линк: https://youtu.be/zEhE0jLRDOY

Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

Клучни зборови

  • IuteCredit
  • Биди ИН
  • биди ИНклудиран
  • биди ИНклузивен
  • донација
  • Иуте Кредит
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk