Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ист Гејт Мол со две станици за полнење на електрични автомобили, донација од ПроКредит Банка

8 јул. 2022 г.·2 мин читање·1252 прегледи

Следете не на Viber

Паркингот на Ист Гејт Мол од денес претставува уште една точка каде што граѓаните ќе можат да ги полнат своите електрични и хибридни автомобили.Полначите се наоѓаат на првото ниво на паркинг, во виолетовата зона на јужниот влез на паркингот.

Посетителите ќе можат непречено да ги користат полначите, а струјата за нив е бесплатна. Предноста на користење на електричните возила во Македонија е во намалувањето на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, трошоците за транспорт и намалување на бучавата во градовите.

Станиците се донација на ПроКредит Банка, која во нашата земја е инкорпорирана како сериозен инвеститор во стопанството како и единствена банка која ги поддржува здравите добри иницијативи, склучува договор за партнерство каде заеднички со Ист Гејт Мол ќе градат култура на паметно користење на ресурсите и ќе шират добри пракси за зачувување на животната средина.

“Центарот, како општествено одговорна компанија, ќе продолжи да ја следи својата мисија да биде предвесник и лидер во технолошките иновации и понатаму ќе имплементира решенија кои ја зачувуваат животната средина.” изјави Извршниот директор Игор Давков.

“Овие полначи се од германскиот производител Меннекес и имаат моќност од 11 kw. Во зависност од батеријата на возилото, капацитетот на целосно полнење на автомобилот може да биде меѓу 5-7 часа.” – изјави Методија Миноски, Директор во одделот за управување со животна средина во ПроКредит Банка.

Клучни зборови

  • Ист Гејт Мол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk