Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ИСТОКОТ ПОСЛАБ ОД ЗАПАДОТ: Разликата е околу 900 евра, еве за која земја станува збор

15 јан. 2022 г.·2 мин читање·2593 прегледи

Следете не на Viber

Работниците во поранешна Источна Германија во просек заработуваат стотици евра помалку месечно од нивните колеги во западниот дел на земјата, иако поминаа три децении од повторното обединување на Германија, покажува официјалната статистика.

Бруто-платите за вработените со полно работно време во западните покраини и Берлин, без посебните плаќања над нормалните плати на вработените, во просек изнесуваа 4.237 евра месечно во третиот квартал од 2021 година. Во петте источногермански покраини, бруто-платата изнесува 3.442 евра.

Партијата на левицата, која исто така побара објавување на податоци, се залагаше платите да бидат еднакви во целата земја до 2025 година.

„Во секоја источно германска провинција луѓето заработуваат помалку отколку во било која западна“, рече Дитмар Барч, лидер на парламентарната група на Левицата.

„Јазот во платите е сè уште голем, нешто помалку од 900 евра… Еднаква плата за еднаква работа, тоа е она што ќе ги намали оправданите фрустрации“, рече Барч.

Податоците покажуваат значителни разлики, не само меѓу регионите, туку и меѓу секторите, но и меѓу жените и мажите.

Некои експерти посочуваат дека, поради разликата во трошоците за живот, која е помала во Источна Германија, разликата во куповната моќ не е толку голема како што покажуваат разликите во платите.

Клучни зборови

  • западна германија
  • Источна Германија
  • плата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk