Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Истекува повикот „RISE“ за идеи за социјален бизнис и желба за учење

20 сеп. 2021 г.·2 мин читање·1546 прегледи

Следете не на Viber

Истекува повикот за проектот „RISE“ кој се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку која тие ќе ги развијат своите идеи, почнувајќи и од нула. Здружението за социјални иновации „АРНО“ апелира до младите луѓе да ги искористат последните 7 дена за аплицирање и да се пријават за програма преку која ќе можат да развијат идеи за социјални бизниси.

– Програмата која е отворена за аплицирање до 26-ти септември, е наменета за сите млади на возраст од 18 до 35 години кои треба да препознаат одреден социјален или еколошки предизвик и да оформат тим, стои во соопштението.

Се дополнува дека програмата, освен менторска и експертска поддршка со успешни луѓе од земјата, нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања, а на крајот од првата фаза на идеација, два избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска и експертска поддршка за понатамошен развој на зелениот, односно социјалниот бизнис.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Клучни зборови

  • RISE
  • Здружението за социјални иновации „АРНО“
  • млади
  • проект
  • социјален бизнис
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk