Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Исплатени 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година

24 јул. 2021 г.·3 мин читање·3705 прегледи

Следете не на Viber

Министерството за финансии информира дека Република Македонија во целост ја исплатила еврообврзницата издадена во 2014 година и со тоа се раздолжила за 500 милиони евра, што придонесе долгот, (државниот и јавниот) само по овој основ да се намали за 4,358 процентни поени. Од Министерството за финансии велат дека ја докажуваат својата цврста заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање во рамки на Мастришкиот критериум, односно ниво под 60 отсто.

-Успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Извршивме исплата на 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со еврообврзницата земена во март годинава каматата е осум милиони евра. Ова е исклучително важно за да создадеме јасна слика во каква кондиција е буџетот и како ги менаџираме сите програми што  се предвидени во време на криза,  рече министерот за финансии Фатмир Бесими на пленарната седница во Собранието каде се одвива расправа по предлог ребалансот на буџетот за 2021 година.

Еврообврзницата 3, на износ од 500 милиони евра  беше издадена во јули 2014 година со рок на доспевање од седум години и со каматна стапка од 3,975 проценти. Средствата за доспеаната еврообврзница се обезбедија преку новоиздадената (осма) еврообврзница во март годинава со рочност од седум години и историски најниска каматна стапка од 1,625 проценти.

Каматната стапка по која беше издадена осмата Еврообврзница (2021) е за 2,35 процентни поени пониска од каматната стапка кај третата Еврообврзница од 2014. Интерес за запишување на осмата Еврообврзница покажаа 130 инвеститори.

Износот на осмата еврообврзница од март 2021 изнесуваше 700 милиони евра, а средствата покрај за исплаќање на третата еврообврзница се користат и за потребите за справување со ефектите од ковид-кризата, односно за поддршка на здравствениот сектор, како и за антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.

Земјава досега има излезено на меѓународниот пазар на капитал со осум еврообврзници и тоа: во 2005 година, во 2009, во 2014, во 2015, во 2016, во 2018, во 2020 година и 2021 година. Во целост се исплатени еврообврзицата еден, два, три и четири. За отплата во 2023 година доспева еврообврзницата 5, во 2025 година еврообврзницата 6, во 2026  година еврообврзницата 7 и во 2028 година еврообврзницата 8.

МФ информира дека Буџетот е ликвиден. Има одлична реализација на приходите што беше еден од основите на ребалансот, а расходите се реализираат редовно и навремено во рамки на предвидувањата и очекувањата.  Приходите од почетокот на годината  имаат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година се предвидуваат за 4,7 отсто повисоки приходи во однос на иницијалните проекции на Буџетот.

Клучни зборови

  • еврообврзница
  • Министерство за финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk