Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Инфлацијата во САД достигна ново највисоко ниво во последните 4 децении од 7,5 проценти во јануари

10 фев. 2022 г.·2 мин читање·952 прегледи

Следете не на Viber

Растот на потрошувачките цени во САД се забрза до новото високо ниво во последните четири децении од 7,5% во јануари, само една недела откако владиниот извештај за вработување сигнализираше силен пазар на работни места и брз раст на платите.

Министерството за труд на САД во четвртокот објави минатомесечно зголемување на индексот на потрошувачки цени (CPI), најшироко следен мерач за следење на инфлацијата, во изјава на својата веб-страница. Зголемувањето беше најбрзо од февруари 1982 година и ги надмина предвидувањата на економистите од 7,3%.

Основниот CPI, кој ги мери промените на цените, со исклучок на храната и енергијата, бидејќи тие имаат тенденција да бидат попроменливи, се искачи на 0,6% месечно, со исто темпо како и во декември.

Што ќе направи ФЕД?

Со оглед на тоа што инфлацијата достигнува ново највисоко ниво, а пазарот на труд е жежок, многу аналитичари очекуваат дека Федералните резерви ќе бидат уште поагресивни во зголемувањето на каматните стапки од претходно прогнозираните. ФЕД ги задржа каматните стапки близу нула по последниот состанок на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) во јануари, но навести за зголемување на каматните стапки почнувајќи од март.

„Со инфлација многу над 2% и силен пазар на труд, Комитетот очекува дека наскоро ќе биде соодветно да се подигне целниот опсег за стапката на федералните фондови“, се вели во соопштението на ФЕД по состанокот.

Клучни зборови

  • инфлација
  • јануари
  • САД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk