Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Илон Маск продаде акции на Тесла за уште една милијарда долари

29 дек. 2021 г.·2 мин читање·210 прегледи

Следете не на Viber

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, продаде уште 934.090 акции, или околу 1,02 милијарди долари во акции во компанијата за електрични автомобили и неговата компанија за соларна енергија, покажуваат финансиските податоци објавени доцна синоќа на Волстрит.

Во исто време, Маск ја искористи опцијата за купување на скоро 1,6 милиони акции на Тесла по фиксна цена од 6,24 долари по акција, која му беше доделена како компензација во пакетот за компензација во 2012 година, бидејќи не добива плати и парични бонуси, јавува CNBC.

Користејќи ги опциите, кои истекуваат следната година, Маск го зголеми својот удел во Тесла овој квартал од околу 170,5 милиони акции на над 177 милиони акции, објави Wall Street Journal.

Шефот на „Тесла“ почна да продава акции на 8 ноември, делумно за да ја подмири даночната сметка.

На почетокот на ноември, Маск анкетираше милиони свои следбеници на Твитер, прашувајќи ги дали да продадат 10 отсто од акциите на Тесла. Тие гласаа за. Според некои проценки, Маск има уште повеќе од милион акции за продажба од планираните околу 17 милиони акции, со цел да се постигне целното отуѓување на 10 отсто сопственички удел.

Но, голем дел од продажбата што следеше по забавната анкета на Твитер, беше дел од планот што Маск го врати во септември оваа година, знаејќи дека ќе мора да ги подмири своите значителни даночни обврски, забележува CNBC.

Неодамна на Твитер објави дека ќе го плати највисокиот данок во историјата на САД, во износ од над 11 милијарди долари.

Оваа година акциите на Тесла пораснаа за повеќе од 54 отсто, со што Маск стана најбогатиот човек на светот. Според проценките на Форбс, неговото нето богатство сега надминува 275 милијарди долари, врз основа на сопственичкиот удел во „Тесла“ и нејзината вселенска компанија SpaceX.

Клучни зборови

  • илон маск
  • продажба на акции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk