Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИКЕА ГИ ЗГОЛЕМИ ЦЕНИТЕ- дали инфлацијата е причина?

1 јан. 2022 г.·2 мин читање·3142 прегледи

Следете не на Viber

Најголемиот светски бренд за мебел „Ikea“ ќе ги зголеми цените на своите производи во просек за 9%, поради континуираните проблеми со снабдувањето и транспортот, соопшти „Ingka Group“, која поседува и управува со повеќето продавници на шведскиот гигант за мебел.

IKEA работи преку систем на франшиза, при што Ingka е главен франшизист на сопственикот на брендот Inter IKEA со 392 продавници, вклучувајќи ги градските продавници и 73 продавници со помал формат.

Изјавата на компанијата доаѓа во услови на зголемена инфлација, која влијае на глобалните економии, што пак се повеќе влијае на потрошувачите.

„Како и многу индустрии, „Ikea“ продолжува да се соочува со значителни ограничувања на транспортот и суровините, без подобрување во догледна иднина“, се вели во соопштението од „Ingka Group“, холдинг компанија која поседува 90% од продавниците во „Ikea“.

„Овие повисоки трошоци, кои се чувствуваат најмногу во Северна Америка и Европа, ќе мора да се пренесат на потрошувачите“, додаваат од компанијата.

Просечното зголемување на цените е околу 9% ширум светот за земјите со продавници на „Ingka Group“, но ќе се разликува од земја до земја поради инфлацијата таму и локалното снабдување и тешкотиите во транспортот, соопшти компанијата.

Според „Ingka“, франшизната компанија „Inter Ikea Group“ направила трошоци од 250 милиони евра во 2021-ва година поради логистичките проблеми кои се продлабочиле по зголемувањето на побарувачката по првата фаза од пандемијата.

Минатиот месец, „Inter Ikea Group“ објави пад на годишната добивка од 17%, припишувајќи го падот на наглото зголемување на трошоците за транспорт и суровини.

Во исто време, компанијата забележа раст на продажбата од 8% за годината до 25,6 милијарди евра.

Клучни зборови

  • икеа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk