Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Известување за направена грешка за компанијата Вабтек МЗТ АД Скопје

28 дек. 2022 г.·2 мин читање·952 прегледи

Следете не на Viber

Во текстот објавен под наслов „Со ниту еден вработен 10 компании свртеле над 270 милиони евра“ направена е груба грешка во трансферирањето на податоците од платформата Бизнис Мрежа. мк, при што во оваа листа на компании кои имаат нула вработени е вбројана и ВАБТЕК МЗТ АД СКОПЈЕ. Поради тоа, порталот „Пари“ се извинува на компанијата ВАБТЕК МЗТ АД СКОПЈЕ.

ВАБТЕК МЗТ АД СКОПЈЕ реагираше до нашата Редакција, потенцирајќи дека во компанијата работат 334 вработени.

„ВАБТЕК МЗТ АД СКОПЈЕ е друштво кое постои неколку децении и кое работи во реалниот сектор во трудоинтензивна производствена дејност или колоквијално кажано ВАБТЕК МЗТ АД СКОПЈЕ е фабрика (со погони, стоки, машини, опрема и – се разбира – со вработени кои работат). Во моментов  ВАБТЕК МЗТ АД СКОПЈЕ има 334 вработени кои работа и ги остваруваат своите права од работен однос“, е дел од реакцијата на ВАБТЕК МЗТ АД СКОПЈЕ.

Со оглед на утвредената грешка од наша страна, „Пари“ го повлече текстот во кој беше споменат и „Вабтек“.

Како сериозен медиум за финансии, кои веќе подолго ги анализира состојбите во земјава и кај деловните субјекти, порталот „Пари“ и понатаму ќе се труди, како и секогаш досега да пласира веродостојни анализи врз основа на податоците од платформата  Бизнис Мрежа. мк. Нашите анализи се целосно непристрасни, без никакви задни намери – ниту во позитива, ниту во негатива да влијаат на угледот на некоја компанија.

Клучни зборови

  • ВАБТЕК МЗТ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk