Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Иднината на криптовалутите изгледа одлична, барем засега

14 ное. 2021 г.·2 мин читање·997 прегледи

Следете не на Viber

Цената на биткоинот порасна преку 100% во текот на 2021 година, а само во октомври растот беше поголем од 30%. Претседавачот на одборот на гувернери на Федералните резерви на САД, на 30 септември изјави дека американската централна банка нема намера да ги забранува ниту пак ќе ги ограничува криптовалутите.

Веста од 19 октомври, дека американската Комисија за хартии од вредност (SEC) ќе го одобри првиот Bitcoin Futures Exchange фонд во САД означи своевидно признание од страна на американскиот регулатор дека криптовалутите се неизбежна реалност која треба институционално да се прифати и формализира. Ова регулаторно одобрение ја однесе цената на биткоинот на досега највисоко ниво.

Од друга страна, Банката на Америка започна истражување за дигиталниот имот што укажува дека вредноста и оптекот на криптовалутите веќе доволно пораснале така што институционалните инвеститори веќе не можат да ги игнорираат. И инвестициските банки го отфрлија нивниот претходен скептицизам кон криптовалутите. Во ноември, JP Morgan ја потврди својата прогноза дека биткоинот ќе ја досегне вредноста од 146 илјади долари. Ситибанк предвидува дека првата криптовалута оваа година ќе достигне 120 илјади долари.

Иднината на криптовалутите изгледа одлична, барем засега, бидејќи сè повеќе луѓе сакаат да поседуваат криптовалути, а се шири и кругот на познати личности кои зачекорија во тој домен. Растот на побарувачката, во комбинација со ограничената понуда и сè побавното темпо на ископ на биткоин, укажуваат на долгорочно продолжување на растот на цената на „дигиталното злато“, како што некои го нарекуваат биткоинот.

Клучни зборови

  • банката на америка
  • крипто
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk