Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Иако одседнаа дома, Јавната администрација годинава ќе добие К-15

9 јун. 2021 г.·2 мин читање·478 прегледи

Следете не на Viber

Јавната администрација  годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Тоа, рече денеска премиерот Зоран Заев, е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни.

– Колективните договори се потпишани во 2019 година. Ние сме благодарни на сите синдикални организции кои имаа разбирање за одложување на оваа мерка за 2020 година, со оглед на ситуацијата и не беше во ред да се исплати додатокот кога беше почнат третиот бран. Но, годинава треба да се исплати. Тоа сме го ветиле и не само што сме го ветиле, туку е потпишан договор за оваа работа и тој треба да се реализира, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

За тоа, појасни Заев, веќе се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и овој регрес на годишен одмор ќе го добијат сите вработени опфатени со колективните договори.

Тој рече дека Владата се труди да ја рационализира јавната администрација и подигнување на нејзината ефикасност и ефективност.

– Во моментов имаме околу 132 илјади, а пред четири пет години имаше околу 160 вработени во јавната администрација. Постојаните политики на рационализација и зголемување на ефективноста и ефикасноста на јавната администрација се еден од главите приоритети на Владата. Очекуваме наскоро да стапи во сила и законот за задолжително пензионирање на 64 години, што ќе влијае дополнително на намалување на самата бројка, рече премиерот Заев, додавајќи дека нема зголемување на бројот на јавната администрација, односно дека таа се рационализира.

Клучни зборови

  • Јавна администрација
  • к15
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk