Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

UncategorizedФинансии

За прекугранична соработка Македонија – Бугарија 30 милиони евра од ЕУ

22 сеп. 2021 г.·2 мин читање·1420 прегледи

Следете не на Viber

Вкупно 30 милиони евра од Европската унија ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Република Македонија во следните седум години. Средствата се во рамките на Програмата за прекугранична соработка, со која управува бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи.

Бугарскиот заменик-регионален министер Захари Христов, објавија бугарски медиуми, појасни дека инвестициите ќе бидат насочени кон развој на чиста и зелена средина, одржлив туризам и поддршка на конкурентноста во прекуграничниот регион. Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен пункт „Клепало” помеѓу општините Струмјани и Берово.

Христов рече дека благодарение на програмите Интеррег, во последните 20 години е обновен изгледот на пограничните населени места на двете земји. Обезбеден е соодветен пристап до природните знаменитости, обновени се античките тврдини и цркви, а помогнати се и локалните културни, образовни и спортски центри да бидат активни. Според него, досега направеното придонело за позитивна промена во односите меѓу двата народа.

Оваа година, Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА помеѓу Бугарија и Македонија по повод Денот на европската соработка, денеска организира Виртуелен саем за туризам, вклучувајќи различни дестинации во рамките на програмата

Клучни зборови

  • бугарија
  • Европската Унија
  • инвестиции
  • македонија
  • прекугранична соработка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk