Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ја објави најновата статистика за пензиите за месец март. Податоците покажуваат дека вкупниот број на пензионери во третиот месец од 2022 година изнесува 326 049 пензионери. Нивниот број од почетокот на годината односно од јануари кога изнесувал 326 841 се намалил за дури 792-ца пензионери. Просечната пензија во март изнесувала 16.380 денари. За прв пат во март е исплатена и највисока пензија досега во висина од 60.294 денари. Станува збор за новоформирана максимална пензија истата важи од први годинава, а решенијата се донесуваа од први март.
Од вкупниот број на пензионери 325 054 добиле пензија врз основа на работно право, 927 се запишани како воени пензионери и 68 лица се корисници врз основа на земјоделско право. Најниска просечна пензија е зе…