Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Започнува одржувањето на отворените денови на тема ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

9 сеп. 2022 г.·2 мин читање·563 прегледи

Следете не на Viber

 

Првиот настан ќе се одржи на плоштадот во Тетово, на 12 Септември, со почеток во 12 часот

Под мотото ПРЕПОЗНАЈ, ПРИЈАВИ, СПРЕЧИ ДИСКРИМИНАЦИЈА, во седум градови во Република Македонија, ќе се одржат еднодневни настани, во форма на отворени денови, чија цел е едукација на граѓаните и граѓанките на темата еднаквост и недискриминација, но и преставување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) како тело кое нуди заштита од сите типови на дискриминација.

Станува збор за настани од отворен карактер, каде претставниците/чките на Комисијата се отворени за дискусија со локалното население и ќе бидат подготвени да одговорат на сите прашања на присутните.

Важно е да ја подигнеме свесноста дека дискриминацијата е штетна за општеството, но и дека е забранета со закон и не треба да остане непријавена. Токму затоа ќе се зборува како да се препознаат формите на дискриминација, но и како да се пријави дискриминацијата. Важно е да научиме дека луѓето треба да ги почитуваме онакви какви што се, затоа што сите сме еднакви и имаме исти права.

Првиот настан ќе се одржи во понеделник, на плоштадот во Тетово, со почеток во 12 часот, а ќе го отвори  г. Игор Јадровски, претставник на Комисијата. Ги покануваме граѓаните и граѓанките на општина Тетово, да земат учество на овој еднодневен настан.

Настанот е финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Клучни зборови

  • дискриминација
  • еднаквост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk