Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Запознајте се со GT Sophy – новата вештачка интелигенција на Sony која ги победи луѓето во тркачката игра Gran Turismo

11 фев. 2022 г.·2 мин читање·767 прегледи

Следете не на Viber

Sony соопшти дека создал агент за вештачка интелигенција наречен Gran Turismo Sophy (GT Sophy) кој успеал да ги победи најдобрите светски возачи на PlayStation симулациската игра за трки Gran Turismo.

„Различни оддели на компанијата Sony работеле на фундаментално истражување за вештачката интелигенција, изработиле хиперреалистичен симулатор за трки во реалниот свет и инфраструктура за масовно вежбање со вештачка интелигенција, за да го подготват GT Sophy за играта“, се вели во соопштението на компанијата.

Вештачката интелигенција првпат се тркаше против четворицата најдобри возачи на Gran Turismo во јули, научи од трката и ги надмина човечките возачи на друга трка во октомври.

„Потребни беа околу 20 PlayStations кои работеа истовремено околу 10 до 12 дена за да го обучат GT Sophy да се трка од нула до натчовечко ниво“, рече Питер Вурман, директор на Sony AI America и водач на тимот кој ја дизајнираше вештачката интелигенција.

Додека вештачката интелигенција досега се користеше за да се поразат луѓето во игрите шах, Mahjong и Go, Sony рече дека беше тешко вештачката интелигенција да го совлада возењето тркачки автомобил, поради многуте одлуки што треба да се донесат во реално време.

Ривалот на Sony, Microsoft, кој неодамна го купи Activision за 69 милијарди долари, користи игри за да ја подобри вештачката интелигенција нудејќи им нови предизвици за решавање на моделите со вештачка интелигенција.

Gran Turismo, видео игра за симулација на трки, го имаше своето деби во 1997 година и беа продадени над 80 милиони игри.

Sony сака да го примени учењето на други игри на PlayStation. „Има многу игри кои претставуваат различни предизвици за вештачката интелигенција и со нетрпение очекуваме да почнеме да работиме на тие проблеми“, рече тој.

Клучни зборови

  • Gran Turismo
  • GT Sophy
  • Вештачка интелигенција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk