Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Загребската берза ја брише загубата од 2,3 милиони евра и ја отвора вратата за исплата на дивиденди

13 мај 2022 г.·3 мин читање·1857 прегледи

Следете не на Viber

Загребската берза која е присутна и на македонскиот пазар со учество од 7 проценти во сопственоста на Македонска берза, има намера да се огради во сметководството од времето на загубите од последната деценија, што отвора можност за распределба на добивката на акционерите.

Според поканата за собранието на акционери што ќе се одржи на 14 јуни, ќе се расправа и за предлогот за намалување на основната главнина, која сега изнесува 46,3 милиони куни, пишува Пословни дневник.

Берзанскиот менаџмент предлага основната главнина да се преполови на 23,2 милиони куни и да се префрли во резерви. Со оглед на тоа што поединечниот номинален износ на акциите ќе се намали на износ помал од минималниот дозволен со Законот за трговски друштва, намалувањето на основната главнина ќе се врши со спојување на акциите во сооднос 2:1, така што секој акционер за две акции ќе се издаде нов редовен на име номинален износ од 10 куни, се објаснува во поканата за собрание. Причината за овој потег е конечно да се избришат загубите наталожени во изминатата деценија.

„До 2017 година берзата вршеше загуби од работењето, така што во билансот остануваат уште околу 17 милиони куни (2,3 милиони евра) акумулирани загуби од претходните периоди и покрај тоа што бележиме позитивни резултати во последните четири години. Предлогот за намалување на основната главнина на Генералното собрание е сметководствена операција, таа загуба целосно ќе ја анулираме и со тоа ќе овозможиме евентуална исплата на дивиденда во наредните години, како и наградување на вработените со акции“, објасни претседателот на Управниот одбор Ивана Гажиќ.

Без намалување на основната главнина, процесот на покривање на пренесените загуби со остварена добивка би траел со години.

На пример, оваа година Загребската берза ќе ја издвои целата минатогодишна добивка од 873.000 куни за покривање на загубите. Една година претходно, добивката од 1,87 милиони куни беше искористена за покривање на загубите.

За да се потврди оваа одлука потребно е двотретинско мнозинство, но од берзата сметаат дека акционерите ќе го препознаат позитивниот аспект на овој предлог.

„За одобрување на оваа одлука треба да гласаат 75 отсто од акционерите. Веруваме дека ќе го одобрат затоа што е позитивно за нив“, изјави Ивана Гажиќ.

Покрај намалувањето на капиталот, акционерите ќе одлучуваат и за овластување на Управниот одбор за стекнување на сопствени акции во следните пет години.

Највисоката цена по која Управниот одбор може да стекне сопствени акции не смее да биде повеќе од 5% над или 15 под просечната пазарна цена по акција остварена во претходниот трговски ден, се наведува во предлогот.

На собранието ќе се расправа и за извештајот за приходите на членовите на УО за минатата година. Вкупната сума од 1,05 милиони куни и е исплатена на лидерката Ивана Гажиќ, од кои фиксниот дел е нешто помалку од 861.000 куни.

Членот на Управниот одбор Томислав Грачан добил речиси 911.000 куни, од кои 778.000 куни биле фиксен износ. Соодносот на просечната плата на вработените на Загрепската берза која лани изнесувала 262.000 куни, а приходите на членовите на Управниот одбор е 1:2,46.

*сооднос: 1 куна = 8.14 денари 

Клучни зборови

  • Долгови
  • Загребска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk