Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Загарантиран поврат на средства со American Express Point дебитна картичка на Силк Роуд банка

10 дек. 2019 г.·3 мин читање·181 прегледи

Следете не на Viber

Започнувајќи од овој месец дебитната картичка American Express Point (American Express Point дебитна картичка) издадена од Силк Роуд Банка АД Скопје станува единствена дебитна картичка во државата која нуди загарантиран поврат на средства со сите трансакции направени на територија на Република Северна Македонија.

Имено, со секоја трансакција направена со картичката добивате 1% загарантиран поврат на средства („кешбек”) при сите направени купувања и трансакции во државата, освен за трансакции направени кај трговци кои се веќе вклучени во „Твој бонус“ (Твој Бонус поврат на средства) програмата за поврат на средства.

„Со оваа нова можност која ја нуди American Express Point дебитната картичка, за прв пат во земјата една дебитна картичка нуди загарантиран поврат на средствата, во вид на cashback. American Express картичките се препознатливи по Твој бонус програмата која нуди поврат на средства и до 15% со направени трансакции кај одредени трговци, а сега со оваа нова можност која ја нуди eдинствено American Express Point картичката при плаќање со истата кај сите трговци кои го прифаќаат American Express брендот, корисниците добиваат загарантиран 1% поврат на средствата со секоја направена трансакција. Со воведувањето на оваа можност, се надеваме дека ќе го подигнеме задоволството на корисниците на картичките од причини што практично со секоја трансакција, клиентот добива дополнителен бенефит со плаќање со картичката. Се надеваме дека во иднина American Express Point картичката ќе стане главниот избор за плаќање со дебитни картички на граѓаните, а особено имајќи ја во предвид законската регулатива која оневозможува плаќање во готовина на поголеми износи“, изјави Благоја Спасовски, Директор на Службата за картички во Силк Роуд Банка АД Скопје.

Аmerican Express Point (American Express дебитна картичка) e дебитна картичка за физички лица директно поврзана со средствата од личната трансакциска сметка на корисникот. Со користење на картичката добивате пристап до вашата трансакциска сметка, ви овозможува подигнување на готовина на сите банкомати на Силк Роуд Банка и НЛБ Банка во земјата, подигнување на готовина во повеќе од 600.000 банкомати во светот, пристап до единствената „Твој бонус“ (Твој Бонус поврат на средства) програма за поврат на средства и СМС нотификација за секоја направена трансакција со картичката.

Дополнително, со секоја трансакција со картичката, банката донира по 5 денари за потребите на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, согласно со проектот „Наша донација со секоја трансакција“ (Наша Донација).

Аплицирањето за American Express Point дебитна картичка е бесплатно и се врши со валиден документ за идентификација во експозитурите на банката.

Повеќе информации за картичката може да добиете на веб страната на банката, во некоја од експозитурите или на телефонскиот број 02/3203-555.

Клучни зборови

  • Американ експрес
  • Силк Роуд банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk