Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ЕУ собра пет милијарди евра на првата аукција на заеднички должнички хартии од вредност

16 сеп. 2021 г.·2 мин читање·1082 прегледи

Следете не на Viber

Европската унија собра пет милијарди евра со продажба на краткорочни должнички хартии од вредност на првата заедничка аукција на долгови, соопшти Европската комисија.

Како што е наведено, износот од 2,999 милијарди евра го собра од продажба на квартални должнички хартии од вредност и 1,977 милијарди евра од продажба на должнички хартии од вредност со рок на доспевање од шест месеци. На тој начин, ЕУ ја собра највисоката целна сума.

„Тримесечниот долг беше продаден со просечен негативен принос од 0,726 проценти, додека приносот на шестмесечната должничка хартија од вредност беше минус 0,733 проценти”, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Аукцијата на краткорочниот заеднички долг на ЕУ привлече голем интерес, со побарувачка за тримесечна должничка хартија за 3,39 пати поголема од понудената сума. Вредноста на собраните понуди за шестмесечната хартија од вредност беше 5,76 пати поголема од понудата.

Аукциите исклучиво ги користат државите и тие функционираат на тој начин што банките, во договор со продавачот, ја преземаат улогата на дилери, купуваат должнички хартии од вредност, а потоа ги продаваат на инвеститорите.

ЕУ користеше инструмент за продажба на обврзници за да собере 90 милијарди евра за програмата SURE за зачувување на работните места, ангажирајќи банки да продаваат долгови директно на крајните инвеститори.

Клучни зборови

  • аукција на долгови
  • Европската комисија
  • Европската Унија
  • хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk