Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Еуроникел Индустри со приклучување кон иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите Нации го потврди етичкото и одржливо работење

10 авг. 2022 г.·2 мин читање·1695 прегледи

Следете не на Viber

Еуроникел Индустри се приклучи на иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите Нации со што и формално ја потврди примената на десетте принципи кои се однесуваат на заштитата на човековите права, на работните односи, животната средина и спречувањето корупција. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, што Еуроникел Индустри го прави во исклучителни економски услови, при што компаниите се соочуваат со бројни проблеми предизвикани прво од Ковид пандемијата, а сега и од војната во Украина и што доведе до сериозна деловна егзистенцијална криза, компанијата останува доследна во примената на принципите кои го дефинираат одржливиот развој.

„Приклучувањето на иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите Нации е потврда за нашето етичко и одржливо работење. Еуроникел Индустри посветено делува во согласност со Десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите Нации кои се темел и симбол на одржливиот развој. Применувањето на овие принципи е особено важно за нашето работење бидејќи на тој начин ја обезбедуваме егзистенцијата на сегашните генерации, без да ја компромитираме иднината на следните генерации“, истакна Герасим Кујунџиев, прв генерален директор.

Применувањето на одговорни деловни практики е главен приоритет на компанијата поради што уште од првиот ден од основањето работи во согласност со Десетте принципи на Глобалниот договор. Формалното приклучување кон оваа иницијатива е дополнителен доказ за посветеноста и доследно применување на овие принципи.

„Одржливото работење е единствен начин нашата компанија да просперира и напредува на пазарот кој постојано се менува. Почитувањето на човековите права и заштитата при работа, заштитата на животната средина, активното спречување на корупцијата и постојана поддршка на заедницата, со цел да се постигне подобар квалитет на животот на сите засегнати страни, се наша одговорност на која и се дава исклучително значење во Еуроникел Индустри. Сите наши активности, политики и процедури се засновани на овие начела, а приклучувањето на иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите Нации го потврдува тоа“, вели Андреас Цагарис, втор генерален директор.

Доследно применувајќи ги принципите на Глобалниот договор на Обединетите Нации во своето секојдневно работење, Еуроникел Индустри истото го промовира и ги поттикнува своите соработници, со цел постигнување одржлив развој и во нормални, но и вонредни деловни услови.

Клучни зборови

  • Еуроникел Индустри
  • Иницијатива
  • Обединети Нации
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk