Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЕЛОН МАСК СО БРУТАЛНО ПРИЗНАНИЕ: Најновата верзија на автопилотот на Тесла “не е одлична”

25 авг. 2021 г.·2 мин читање·2515 прегледи

Следете не на Viber

Илон Маск вели дека најновиот софтвер за самостојно возење на Тесла „не е одличен“ и дека инженерите се во трка да го подобрат.

Илон Маск рече дека најновата верзија на Тесла за самостојно возење Full Self-Driving (FSD) „всушност не е одлична“. FSD делумно го автоматизира возењето, така што автомобилот може да менува лента, да се паркира и да ги препознава семафорите.
Извршниот директор на Тесла рече дека компанијата е во трка за подобрување на бета верзијата 9.2 „што е можно побрзо“.

„FSD Beta 9.2 всушност не е одличен“, напиша Маск на Твитер, додавајќи дека производителот на електрични автомобили ,,работи на тоа да се подобри што е можно побрзо“.

Маск во продолжениот твит неколку часа подоцна напиша дека тестирал FSD бета верзија 9.3, која се уште не е објавена, возејќи од Пасадена до Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес и дека е „многу подобрена“.

Тесла ја објави долгоочекуваната бета верзија 9 на својот софтвер FSD во јули, но им рече на возачите дека софтверот „може да направи погрешна работа во најлошото време“.

Еден ден пред објавувањето, Маск напиша во твит дека возачите треба да бидат „параноични“ кога возат со софтверот.

FSD е подобрена верзија на Autopilot, софтвер за помош на возачот кој доаѓа со секое возило на Тесла. FSD не го прави автомобилот целосно автономен, му овозможува на возилото да менува коловозна лента, да се паркира и да ги препознава семафорите и да запре знаци.

Твитот на милијардерот доаѓа една недела откако американските регулатори за безбедност започнаа истрага против „Автопилотот“ на производителот на електрични автомобили по 11 -те сообраќајни несреќи на Тесла со возила за итни случаи.

FSD исто така е под лупа. Бета тестерите објавија видеа што покажуваат недостатоци и дефекти со FSD, објави Тим Левин од Инсајдер.

Сопствениците на Тесла во САД можат да купат FSD за 10.000 долари однапред или 199 долари месечно.

Клучни зборови

  • FSD
  • автопилот
  • елон маск
  • нова верзија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk