Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЕКО Грција – подружница на Хеленик Петролеум, главен спонзор на импресивното ЕКО Акрополис Рели

5 сеп. 2022 г.·2 мин читање·654 прегледи

Следете не на Viber

Светската автомобилска елита ќе биде дел од ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally), што ќе се одржи во Централна Грција од 8 до 11 септември. Втора година по ред ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally) е дел од годишниот календар на ФИА Светското првенство во рели (FIA World Rally Championship) кое е највисокото интернационално натпреварување во оваа автомобилска дисциплина.

Главен спонзор на ова историско рели е ЕКО Грција, подружница на групацијата Хеленик Петролеум,  на која припаѓа и компанијата ОКТА АД – Скопје. ЕКО има долгогодишната соработка со Акрополис Рели која трае повеќе од 10 години. Оваа година ЕКО ќе биде и главен спонзор на ЕКО супер специјалната рута (EKO Super Special Stage), која ќе се одржи на 8 септември, на Олимпискиот стадион „Спиридон Луис“ во Атина, веднаш по официјалното отворање на настанот. Организаторите очекуваат полн стадион кој може да собере 70.000 публика.

Во текот на четирите дена, организирани се вкупно 16 рути од кои 3 целосно нови, додека пак останатите се веќе многу добро познати како едни од најтешките за возење во светот на рели натпреварувањата. Љубителите на автомобилските трки ќе имаат можност да уживаат во врвното натпреварување помеѓу најдобрите светски рели имиња.

Акрополис Рели е интернационално реномирано натпреварување со богата историја кое се одржува уште од 1951 година, правејќи го едно од најдолготрајните и најпрестижни рели натпреварувања во светски рамки.

ПР Објава

Клучни зборови

  • ОКТА АД
  • ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk