Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Еко автобуска постојка од која што се земаат пакетчиња со семиња – нова инсталација од Халкбанк

7 јун. 2023 г.·2 мин читање·7796 прегледи

Следете не на Viber

Нова еко автобуска постојка со зелен и воедно одржлив покрив доби градот Скопје од страна на Халкбанк АД Скопје во рамките на заложбите и активностите на банката за заштита и зачувување на животната средина, а кои што се реализираат преку платформата ХалкЕко.

Новата зелeна постојка е лоцирана во Општина Карпош, спроти поранешната фабрика Алумина и истата, освен што има зелен покрив прекриен со растенија, овојпат на граѓаните им ја нуди можноста од неа да земаат пакетче со семиња од различни растенија.

Првата еко постојка Халкбанк ја постави во општина Аеродром пред трговскиот центар Бисер, како прва и единствена од ваков вид во земјава. Постојката што беше поставена пред речиси три години и денес, освен што на патниците им нуди убава заштита од временските влијанија, претставува уште еден придонес кон зголемување на зеленилото во главниот град.

„Зелените постојки се дел од многубројните еко активности организирани или поддржани од Халкбанк АД Скопје и сите тие претставуваат наш придонес за збогатување на зеленилото во земјата, но и за подигање на еко свеста и одговорното однесување кон околината. Овие цели ги промовираме и истите се изразени преку нашата ХалкЕко платформа – во рамките на која заедно со нашиот партнер Мастеркард целиме кон поттикнување здрави животни навики и заштита на животната средина“, велат од дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанк.

Клучни зборови

  • халкбанка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk