Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Европската банка за обнова и развој воведува пакет од 1 милијарда евра поради Корона вирусот

16 мар. 2020 г.·2 мин читање·98 прегледи

Следете не на Viber

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) соопшти дека планира, со цел надминување на проблемите поради пандемијата на корона вирусот, да издвои помош за компаниите кои работат во оперативните региони на ЕБРД.

„Пакетот солидарност“ е прва таква мерка на ЕБРД и банката најавува дека е подготвена да направи повеќе доколку е потребно.

Предлогот е одобрен од акционерите на банката, која примарно инвестира во развој на приватниот сектор во 38 економски послабо развиени земји.

Од овој фонд ќе се финансираат клиенти на ЕБРД со добра деловна основа, кои моментно имаат проблем со кредитна ликвидност.

Претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти предупреди дека пандемијата на Ковид-19 претставува „предизвик без преседан за ЕБРД и регионалните оперативни центри“.

„За да покажеме солидарност со акционерите, земјите во кои спроведуваме свои операции, нашите партнери и клиенти, создадовме фонд на ЕБРД од една милијарда евра за нашите клиенти кои имаат проблеми со ликвидноста, докапитализација или доспеани обврски. Банката е подготвена да одговори и на нови предизвици и активно го прилагодува својот финансиски инструментариум согласно потребите на земјите членки и меѓународната заедница”, истакна претседателот на Европската банка за обнова и развој.

 

Клучни зборови

  • Европска банка за обнова и развој ЕБОР
  • Корона вирус
  • Пакет солидарност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk