Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЕБОР предвидува раст на македонската економија за четири отсто

5 ное. 2021 г.·2 мин читање·1123 прегледи

Следете не на Viber

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во најновиот извештај за економските перспективи на земјите од Западен Балкан, предвидува раст на македонската економијата од четири отсто за годинава и за 2022.

„Закрепнувањето е во тек во Македонија, со раст поттикнат и од домашната и од надворешната побарувачка. Потрошувачката на домаќинствата силно порасна, поддржана од зголемувањето на платите, растот на кредитите и дознаките од странство, иако се уште е на релативно ниско ниво во споредба со другите регионални економии. Извозот на стоки се зголеми и по вредност и по обем, во тандем со увозот, поттикнат од закрепнувањето во ЕУ. Се предвидува дека економијата ќе порасне за 4,0 отсто и во 2021 и во 2022 година“, оценува ЕБОР.

Во извештајот се посочува дека по четири последователни квартали со негативен раст помеѓу вториот квартал од 2020 година и првиот квартал од 2021 година, почна закрепнувањето на македонската економија.

Пред еден месец, Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Македонија за годинава од 3,6 отсто на 4,6 отсто. Причини за подобрената прогноза е растот од 5,2 отсто во првото полугодие, зголемената приватна потрошувачка, напливот од инвестиции и зголемената владина побарувачка во второто тримесечје.

Клучни зборови

  • ЕБОР
  • Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk