Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ДРЖАВАТА ЌЕ ДЕЛИ ПАРИ: ОБЈАВЕНИ ЛИСТИ СO ГРАЃАНИ кои ќе добијат државна помош за справување со енергетската криза

5 дек. 2022 г.·3 мин читање·2370 прегледи

Следете не на Viber

Министерството за труд и социјална политика ги објави списоците со граѓани кои ќе добијат финансиска поддршка за полесно справување со енергетската криза, согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. Списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Министерството за труд и социјална политика информира и дека, исплатата на финансиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците  на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12.12.2022 година,  а за корисниците на паричен надоместок по основ на невработеност, исплатата ќе биде на 14.12.2022 година. На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија.

„Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка која ја формира министерката  за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка“, стои во образложението од министерството.

Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот. Рокот за приговор е 3 дена, сметано од 06.12.2022 година, заклучно со 09.12.2022 година.

„Со цел подобра информираност на граѓаните, исплатата на средствата кои се дел од финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза се исплаќаат одвоено од редовната месечна исплата на средствата кои произлегуваат од правата од социјална и детска заштита“, потенцираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството информира и дека списоците се објавуваат согласно член 17, член 18, и член 19 од Законот за заштита на лични податоци,  а во врска со член 5 од Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.

  • Листа на Корисници на посебен додаток  за секое дете посебно
  • Листа на Корисници на право на социјална сигурност на стари лица
  • Листа на Корисници на правото на надоместок заради попреченост
  • Листа за корисници на Надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед
  • Листа на Самохрани родители кои се евидентирани како корисници на гарантирана минимална помош

Клучни зборови

  • Министерство за труд и социјална политика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk