Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Државата се задолжува со нов заем од 100 милиони евра

10 апр. 2021 г.·2 мин читање·2424 прегледи

Следете не на Viber

Република Македонија ќе земе заем од 100 милиони евра од Европската инвестициона банка со цел државата да им помогне на малите и средните, но и средно капитализираните претпријатија, преку евтини кредити кои Развојната банка ќе ги доделува преку комерцијалните банки во земјава.

За да се склучи договорот за заем, кој ќе го земе Развојната банка, пратениците треба да изгласаат закон за државна гаранција, чиј предлог е веќе во собраниска процедура.

Владата одлучила да го побара овој заем на седница одржана во ноември лани.

-Со цел целосно задоволување на потребите на малите и средните претпријатија погодени од пандемијата Ковид-19, согласно Заклучокот од седница одржана на 06 ноември и со допис од 13 истиот месец, Министерството за финансии и Развојна банка на Македонија, во име на Владата, побараа од ЕИБ заем во износ од 100 милиони евра. Заемопримач ќе биде Развојна банка, додека Република Македонија ќе издаде државна гаранција – се вели во владиното образложение.

Развојна банка ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки, како посредници до крајните корисници.

Крајни корисници ќе бидат малите и средни претпријатија, а тоа се оние со помалку од 250 вработени, и средно пазарно капитализирани претпријатија, од 250 до 3.000 вработени.

Клучни зборови

  • Европска инвестициона банка
  • задолжување
  • заем
  • македонија
  • Развојната банка на Северна Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk