Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

До 5 декември – Пријавување за субвенциониран студентски оброк

1 дек. 2025 г.·2 мин читање·441 прегледи

Следете не на Viber

Од денес па до петти декември студентите можат да се пријавување за субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година, соопштија од Министерството за образование и наука.

Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат електорна апликација преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на посочениот линк веб-страницата на МОН.

За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат.

Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

Поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да го внесат ПИН кодот за трансакциите да бидат успешни. Шпаркасе Банка објави две важни известувања во врска со оваа новина и поддршка за студентите: https://www.sparkasse.mk/mk/soopshtenija/2025/01/16/Izvestuvanje-za-upotreba-na-PIN-pri-plakanja

https://www.sparkasse.mk/mk/soopshtenija/2025/01/14/Izvestuvanje-za-korisnici-na-subvencioniran-obrok

Ако го знаете или го чувате ПИН кодот, нема потреба од реактивација, се вели во известувањето на МОН упатено до студентите.

(Фото: Freepik)

Клучни зборови

  • Министерство за образование и наука МОН
  • повик за пријавување
  • студентски оброк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk