Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка

27 ное. 2023 г.·3 мин читање·1595 прегледи

Следете не на Viber

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, на 23 ноември пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври.

Наградната игра беше поттик за клиентите кои се корисници на Mastercard картичките од Стопанска банка да ја зголемат употребата на картичките во секојдневните плаќања, поттикнувајќи ги безготовинските плаќања во прометот наместо употребата на готовина. Дополнителни прилики за учество во наградната игра се добиваа со плаќање на рати, купување онлајн и со користење на новата можност за плаќање преку Google Pay мобилниот дигитален паричник, што за првпат беше овозможен за користење во нашата земја оваа година. Во извлекувањето за главната награда за период од четири месеци се квалификуваа речиси 7 милиони трансакции, што е уште поголема сатисфакција за добитникот со оглед на големата конкуренција.

На доделувањето на наградата, генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје, Диомидис Николетопулос, му ги предаде клучевите од возилото на добитникот и му посака многу здравје и уште повеќе среќа понатаму во животот.

Добитникот е долгогодишен клиент на Банката кој се заблагодари за наградата и истакна дека таа претставува големо задоволство за целото семејство со кое беше присутен на доделувањето.

Во рамки на наградната игра, покрај главната награда беа доделени и 12 Garmin часовници, 4 парични награди по 50.000 денари и 4 парични награди по 100.000 денари. Им честитаме на сите 21 добитници и им посакуваме многу среќа и понатаму.

Стопанска банка АД – Скопје соработува со картичниот бренд Mastercard од 2009 година и за кратко време Банката стана еден од најзначајните партнери и издавачи на овој картичен бренд во нашата земја. Банката е посветена на продолжување и унапредување на соработката со Mastercard и благодарни сме на соработката и на поддршката што ја добиваме од тимот на Mastercard со кој заеднички успеваме да создадеме успешна приказна со големо и растечко семејство на задоволни корисници. Продолжуваме заедно да создаваме интересни и атрактивни понуди за корисниците на платежните картички, но и за распространетата трговска мрежа која ги прифаќа картичките.

Клучни зборови

  • Диомидис Николетопулос
  • наградна игра
  • Стопанска банка
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk