Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Дивизијата за управувани услуги на Сеавус достигнува бројка од 250 вработени

13 јун. 2022 г.·3 мин читање·2784 прегледи

Следете не на Viber

Дивизијата за управувани услуги на Сеавус само што го доби својот 250-ти вработен. Ова е огромно достигнување за дивизијата во која работат луѓе од 15 различни националности и од 17 различни градови во светот. Всушност, во последниве неколку месеци, истата порасна за дури 65 вработени, од кои десетмина доаѓаат од ITOSE талент програмата на компанијата.

„Возбудена сум и благодарна што нашиот тим ја достигна бројката од 250 вработени. Имајќи го предвид нашиот одличен тимски дух, како и заедничкиот стремеж да ги надминуваме очекувањата на клиентите и да постигнуваме големи цели, уверена сум дека ќе оствариме значајни резултати. Би сакала да им честитам на сите мои колеги од тимовите на Дивизијата за управувани услуги за ова важно достигнување. Со ваков успешен тим, нè чекаат уште 250 чекори за искачување“, изјави Ружица Калкашлиев, менаџер на Дивизијата за управувани услуги.

Сеавус е рангирана меѓу првите 50 компании – даватели на управувани услуги (Managed Services Providers) во светот и им нуди на своите клиенти приспособен „аутсорсинг“ т.е. надворешни услуги за поекономичен пристап во различни области: од обезбедување ресурси и консултации, управување со апликации, хостирање и администрација, па сè до операции и одржување на позадински системи.

Во сложени средини што зависат од технологија, најважниот фактор за успех е ефикасноста во решавањето на технолошките прашања и предизвици.

Како дел од Арикома групацијата, компанијата продолжува да расте и се стреми да пречека уште 250 експерти во тимовите на Дивизијата за управувани услуги, кои би работеле во некоја од канцелариите на Сеавус ширум светот.

Seavus® е компанија за развој на софтвер и консултантски услуги со докажано искуство во успешни деловни софтверски решенија. Компанијата има над 850 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европските и американските пазари преку неколку канцеларии и претставништва низ целиот свет. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS / OSS, CRM, CEM, Business Intelligence solutions, ALM, Embedded programming, business и consumer производи, мобилни апликации и gaming решенија, Managed Services, како и консултации и развој на апликации на барање на клиентите. Портфолиото се состои од голем број клиенти, вклучително и глобални телекомуникациски оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации во банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.

Клучни зборови

  • АРИКОМА
  • Сеавус
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk