Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Делова-Јолевска од Народната банка: Штедењето во денари е безбедно и исплатливо

31 окт. 2022 г.·3 мин читање·3504 прегледи

Следете не на Viber

„Штедењето е еден од битните предуслови за подобар живот на секој поединец и семејство, но и значаен фактор за унапредување на економскиот развој“, истакна Евица Делова-Јолевска, директорка на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при Народната банка во гостување на Македонската телевизија по повод Денот на штедењето.

Делова-Јолевска истакна дека населението е традиционално најзначајниот доверител на домашните банки. Депозитите на населението се со највисоко учество од околу 66% во вкупната депозитна база на банките и историски наназад бележат постојан раст со различна динамика. Така, на крајот на третиот квартал од оваа година вкупните депозити на населението изнесуваат околу 317 милијарди денари, што е за 16 милијарди денари или за 5,4% повеќе од истиот период минатата година.

Говорејќи за активностите за финансиска едукација коишто ги презема Народната банка, директорката на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација нагласи дека е обезбедена рамката за унапредување на финансиската едукација и инклузија,  преку донесувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, од страна на сите финансиски регулатори, а под водство на Народната банка, којашто вклучува низа активности за нивно унапредување во различни сегменти на финансискиот систем. Притоа, ги посочи активностите во минатата година, кога и во услови на здравствена криза беше забележан рекорден број одржани 102  предавања, спроведени преку интернет-платформи, на различни теми со учество на 6350 слушатели.

„Финансиската едукација има за цел да им даде на граѓаните знаења и вештини за да ги разберат предностите и придобивките од користењето различни финансиски услуги, но истовремено и да имаат зголемена свесност за ризиците од користењето на тие услуги, како и нивните законски права и обврски за да можат да донесат одлуки засновани на доволно информации, пред, но и за време на и по користењето одреден производ или услуга“, рече Делова-Јолевска. Таа додаде и дека „финансиската едукација е особено важна во современите динамични услови и е фактор којшто значително влијае врз нивото на користење нови финансиски производи коишто се нудат на пазарот со современи, дигитални и иновативни решенија.“

Делова-Јолевска, која зборуваше по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври, рече дека нема никаква дилема дека треба да се штеди во банките, бидејќи депозитите на граѓаните се безбедни, а банкарскиот сектор е стабилен. Таа истакна дека чувањето пари дома воопшто не е препорачливо, бидејќи се подложни на висок ризик од кражба и други несакани ситуации, наспроти нивната сигурност во банките и штедилниците, но и дека чувајќи пари дома, граѓаните губат средства врз основа на камата.

Народната банка и натаму ја одржува стабилноста на домашната валута, денарот е стабилен и ќе биде стабилен и во иднина, па директорката ја истакна и предноста од штедењето во денари, наспроти девизните депозити. „Држењето средства во странски валути е нерационална одлука и прави неоснована штета, бидејќи граѓаните плаќаат повисока цена и за промената на валутите и губат принос, со оглед на тоа дека каматните стапки на девизните заштеди се пониски“, вели Делова-Јолевска.

Клучни зборови

  • Денот на штедењето
  • Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација
  • Евица Делова-Јолевска
  • штедење
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk