Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Девет од десет странски компании ја продолжуваат трката за ХЕЦ Чебрен

15 мар. 2021 г.·2 мин читање·1111 прегледи

Следете не на Viber

На последната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) заедно со Извештајот за спроведена евалуација на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 – претквалификација.

Според евалуацијата на валидните пријави, од пријавените 10 кандидати, Комисијата за евалуација изготви листа на компании кои ги исполнуваат условите од претквалификацијата и тоа се: Конзорциум ЕNКА – COLIN – Турција; Конзорциум PPC – ARCHIRODON – Грција; EDF – Франција; Конзорциум COBRA – COBRA HIDRAULIKA – Шпанија; Конзорциум EVN AG – VERBUND – Австрија; WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – Италија; GEZHOUBA GROUP – Кина; POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – Кина; и Конзорциум OZALTIN – YAPI MERKEZI – Турција.

Врз основа на оваа евалуација, Владата ја задолжи Комисијата за спроведување постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река во рок од седум дена да ги информира сите девет конзорциуми што ја поминаа оваа фаза на претквалификација дека е им одобрено да ја продолжат постапката во втората фаза.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • инвестиции
  • ХЕЦ Чебрен
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk