Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Двајца осомничени за даночно затајување

4 ное. 2021 г.·2 мин читање·709 прегледи

Следете не на Viber

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Даночно затајување во периодот од 2018 и 2019 година.

Како што соопшти Јавното обвинителство, првиот осомничен на возраст од 49 години, во својство на сопственик, управител и овластен потписник на сметките на правно лице од Студеничани заеднички и по претходен договор со вториот осомничен 32-годишен сопственик и управител на три правни лица од Скопје дале лажни податоци за факти од влијание за утврдување на износот на обврските за данок на добивка и за персонален данок на доход, со што избегнале да платат обврски во вкупен износ 25.645.627 денари.

„Со детална финансиска истрага, спроведена од Управата за финансиска полиција по наредба на јавниот обвинител, беше утврдено дека вториот осомничен издавал фиктивни фактури за наводна продажба на отпадно железо, кои првиот осомничен ги прикажувал како фиктивен промет во книговодствената евиденција на своето правно лице. За уплатените средства по овој основ, кои веднаш ги подигал од сметките, вториот осомничен не пријавил и не платил персонален данок на доход, додека кај првиот осомничен тие средства биле прикажани како трошок за кој била намалена даночната основа за пресметување на данокот на добивка“, се наведува во соопштението од ЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за двајцата осомничени – обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање. Освен ова, јавниот обвинител достави до Судот и Барање за привремено одземање на имот или предмети заради обезбедување од едно од правните лица, со оглед на тоа што наведените недвижности и подвижни предмети се стекнати во временски период кој кореспондира со времето на извршување на кривичното дело за кое се води истрагата.

Клучни зборови

  • даночно затајување
  • јавно обвинителство Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk