Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ДА ГИ СЛУШНЕМЕ И „ГУШНЕМЕ“ СОВЕТИТЕ И ЗНАЕЊЕТО на искусните и успешните

6 мар. 2023 г.·2 мин читање·662 прегледи

Следете не на Viber

На 31 март, во Скопје ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ на која ќе учествуваат успешни луѓе од повозрасната генерација  

Во време на брзо живеење, зависност од дигитални технологии и алатки за вештачка интелигенција, младите генерации често забораваат на вредноста и важноста на советот и искуството од повозрасните, од оние кои зад себе оставиле многу. Сите некако забораваме дека животното искуство на нашите родители, баби и дедовци, ментори може многу да нѝ помогне во справувањето со професионалните, семејните, личните предизвици.

Со цел да им даде глас на припадниците на повозрасните генерации, Халкбанк ја започна кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која е наменета на генерациите пред нас, на оние кои нè пораснаа и нѝ го покажа патот по кој чекориме денес. Во рамки на оваа кампања, на 31 март ќе се одржи конференцијата „Чувари на мудроста“ на која ќе говорат успешни новинари, стопанственици, уметници, културни работници, професори.

„Идејата на оваа активност не е само да им дадеме повеќе простор на успешните и реномирани луѓе од Македонија туку едноставно да ги поттикнеме сите млади да им обрнуваат повеќе внимание и да поминуваат повеќе време со повозрасните. Нивното искуството е вистинско богатство и инспирација, а тоа е една од максимите на оваа кампања“, вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје.

На првата конференција „Чувари на мудроста“ ќе се дискутираат интересни теми за значењето на професионалната надградба и кариерниот развој, економија, претприемништвото, значењето на културната едукација. Целната публика се пред сè младите луѓе и токму затоа покани за присуство ќе бидат испратени до младински граѓански организации, студенти, млади претприемачи итн.

Кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ започна во октомври минатата година. Во рамки на истата се спроведоа повеќе активности меѓу кои акцијата „На кино со баба и дедо“ во рамки на која во повеќе градови во Македонија се прикажуваа македонски филмови. Исто така, во пресрет на новогодишните празници, во повеќе домови за стари лица се организираа игранки со истакната естрадни уметници.

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ се достапни на веб страницата https://cuvarinamudrosta.mk/

Клучни зборови

  • Халкбанк АД Скопје
  • ЧУВАРИ НА МУДРОСТА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk