Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Дали е на повидок повторно оштетување на доверителите на Еуростандард банка?

7 окт. 2023 г.·3 мин читање·2317 прегледи

Следете не на Viber

По барање на стечајниот управник од страна на судијката е донесено решение со кое е поништена третата лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка, а со тоа и спроведената електронска продажба. Иако 88,1 % од доверителите биле согласни за продажба, на собранието на доверители одржано на 15.09.2023, стечајниот судија на предлог на стечајниот управник, носи одлука дека е потребно повторно да се направи нова процена на вредноста на зградата, прецизно знаејќи што следи по три неуспешни лицитации. Односно прераспределба на имотот, што значи дека доверителите добиваат само на хартија потврда дека поседуваат процентуален дел од деловната зграда на Еуростандард Банка, која може да ја уновчат од идна продажба, а која е неизвесна дали воопшто ќе се случи во блиска иднина. На последната јавна лицитација учество земаа две компанија.

Кој е статусот?

Во меѓувреме дел од доверителите имаат поднесено жалба, со надеж дека судовите ќе имаат разбирање за ситуацијата, и дека ќе донесат одлука која е во интерес на поголемиот дел од доверителите, како и на самата држава, и ќе придонесат повторно да се гласа и одлучува на собрание за тоа дали ќе се прифати продажбата.

88,1% од доверителите се eдногласни: потребна е брза продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка.

Ги контактиравме дел од доверителите на Еуростандард Банка, кои не информираа дека 20-те најголеми доверители биле за продажба, а симптоматично е што меѓу 20-те најголеми доверители нема ниту една од фирмите на Костовски.

Со евентуалната продажба ќе се обештетат доверителите во висина на 85% од нивните побарувања. Против продажба се само 3,4 компании во сопственост на семејството Костовски, и најверојатно самиот стечаен управител, кој како да има некаков интерес од одолговлекувањето на процесот.

Прашуваме?

Дали стечајниот управник бидејќи добива месечен надомест од 50,000 евра, за спроведување на стечајната постапка, кои се однесуваат за трошоци и плати, износ за кој никој не знае како се трошат?  Дали е тоа причина за одолговлекување на постапките?

Дали е тоа истиот стечаен управник кој во спрега со стечајниот судија ги кочеше постапките, покажа неефикасност и одолговлекување во случаите со Охис и ТеТо, за што има добиено кривични пријави? Во целата оваа ситуација контрадикторно е што самиот стечаен управник како што истакнуваат нашите извори сугерирал кај дел од доверителите да гласаат против, иако тој треба да биде независен и да не влијае на процесот.

Тука логично се поставува прашањето кој треба да ги заштити интересите на доверителите? Кој прави надзор на стечајниот управник, на стечајната судијка.

3 години трае овој процес и нема решение. Зградата пропаѓа, и прашање е дали ако се одолговлекува и понатаму ќе има некој заинтересиран да ја купи. Доверителите треба да знаат и дека со чинот на поништување на третата аукција, и прераспределба на зградата настануваат големи трошоци, треба да се плати данок, судски трошоци, плати трошоците за одржување, а сето тоа ќе биде на товар на доверителите.

Објектот не може да се продава парцијално туку само интегрално. И секогаш може да се најде некој доверител кој да речеме има само 7м2 и кој ќе ги кочи сите процеси. Што доведува до заклучок дека прераспределбата е чин кој ќе биде погубен за доверителите.

Работите се очигледни! Потребна е правилна реакција од надлежните институции, и поголема одговорност.

 

Од доверителите на Еуростандард Банка.

Клучни зборови

  • Еуростандард банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk