Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Г7: Постигнавме историски договор за оданочување на „ГУГЛ“, „АМАЗОН“ И „ФЕЈСБУК“

6 јун. 2021 г.·2 мин читање·2050 прегледи

Следете не на Viber

Министрите за финансии на Г7 денеска во Лондон постигнаа историски договор за оданочување на мултинационалните технолошки гиганти, објави британскиот министер за финансии Риши Сунак на Твитер.

„ Пресреќен сум што можам да објавам дека денеска, по повеќегодишни дискусии, министрите за финансии на Г-7 постигнаа историски договор за реформа на глобалниот даночен систем”, напиша Сунак.

Тој додаде дека министрите за финансии на групата седум водечки економии се согласиле за „минимален данок на добивка на големите компании од најмалку 15 проценти што ќе се утврдува од земја до земја”.

Овој договор е важна основа за понатамошен договор за време на форумот Г20 и треба да стави крај на децениската „трка кон дното” во која државите се натпреваруваа за привлекување корпоративни гиганти со сè пониски даночни стапки и ослободувања.

Но, како што пренесуваат странските агенции, тоа ги чинеше стотици милијарди долари – недостиг што сега сакаат да го надоместат што е можно побрзо, за да можат да ги управуваат економиите уништени од пандемијата на коронавирусот.

Мултинационалните компании како Гугл, Амазон и Фејсбук плаќаат малку или воопшто не плаќаат данок, а богатите нации со години се обидуваат да договорат начин за тоа да го променат.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден им даде нов поттик на преговорите со предлог за минимална даночна стапка од 15 проценти, што е повисоко отколку во земјите како Ирска, која има една од најниските стапки на данок на доход во Европската унија, со 12,5 отсто, но е под најниското ниво во Г7.

Клучни зборови

  • 7
  • Министри за финансии
  • Риши Сунак
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk