Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Гувернерката Ангеловска-Бежоска претседаваше со сесија за влијанието на енергетската транзиција врз економијата и финансиите на конференција на Холандската централна банка

3 мар. 2020 г.·2 мин читање·198 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата на високо ниво „Влијанието на енергетската транзиција врз нашите економии и финансискиот сектор – предизвици и можности“, којашто минатата недела ја организира Холандската централна банка. На овој многу значаен настан којшто се одржа во Амстердам, учествуваа гувернери и заменици на гувернери на централни банки, вклучително и вицегувернерката Емилија Нацевска, како и високи претставници на меѓународни финансиски институции и професори на реномирани истражувачки и универзитетски центри од Европа.

Во рамки на конференцијата се одржаа три тематски сесии од кои една беше посветена на енергетската транзиција, којашто е неопходна заради справување со глобалните климатски промени, и ефектите од транзицијата врз реалната економија, а преку тоа и врз финансискиот систем. Во овој контекст се разговараше за предизвиците со кои можат да се соочат централните банки од аспект на одржувањето на финансиската стабилност и спроведувањето на монетарната политика, како и за активностите коишто централните банки би можеле да ги преземат заради поддршка на овој процес. Притоа беше разгледана и потребата за одржливи извори на финансирање на енергетската транзиција и улогата на меѓународните финансиски институции и институционалните инвеститори во овој сегмент. Со оваа сесија претседаваше гувернерката Ангеловска-Бежоска, а учесници беа и глобалниот директор на Светската банка за макроекономија, трговија и инвестиции, Марчело Естевао и Елој Линдејер, претставник на ПГГМ – организација којашто управува со повеќе пензиски фондови со портфолио од околу 252 милијарди евра.

Поканата упатена до гувернерката Ангеловска-Бежоска да претседава со оваа сесија на значајната конференција во Амстердам е уште една потврда на успешното етаблирање на Народната банка во централнобанкарската заедница.

Гувернерката го искористи своето учество на конференцијата организирана од Холандската централна банка и за да оствари повеќе средби со колеги од Европа, во кои акцентот беше ставен на продлабочување на соработката, како и на повеќе актуелни прашања за европската економија. 

Клучни зборови

  • гувернер
  • транзиција
  • Холандија
  • централна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk