Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорката Улман потпишаа Меморандум за соработка за јакнење на макроекономското проектирање

4 ное. 2022 г.·2 мин читање·665 прегледи

Следете не на Viber

Зајакнувањето на капацитетите и унапредувањето на алатките за макроекономска анализа и проектирање во Народната банка ќе се остварува преку соработка и размена на искуства со експертски тим на Државниот секретаријат за економски прашања (СЕЦО). Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, од името на СЕЦО, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидуваат повеќе активности во областа на проектирањето и координацијата на макроекономската политика, преку спроведување на Проектот за макроекономско проектирање и управување. Амбасадорката Улман искажа поддршка за продлабочувањето на соработката со централната банка и истакна дека Народната банка е и ќе биде пример за кредибилна и независна институција во земјава.

Гувернерката на Народната банка истакна дека јакнењето на аналитичките капацитети на централната банка е од клучно значење, бидејќи кредибилните макроекономски анализи и проекции се основа за носење соодветни економски политики. Ангеловска-Бежоска ја посочи важноста на овој проект, особено во контекст на тековната криза и во услови на висока неизвесност, кога квалитетните макроекономски проекции играат значајна улога во следните активности на економските чинители. Ова е исклучително важно кај монетарната политика, каде што формирањето на очекувањата е суштинско за идните движења. Таа истакна дека централната банка ќе продолжи со постојано надградување и јакнење на аналитичките способности.

Потпишувањето на Меморандумот се одржа во Министерството за финансии, во присуство на министерот за финансии, Фатмир Бесими кој исто така потпиша Меморандум.

Клучни зборови

  • Ангеловска-Бежоска
  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Гувернерката
  • Меморандум за соработка за јакнење на макроекономското проектирање
  • Народната банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk