Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Грчки ППЦ со ниски цени ја уривал конкуренцијата – Истрага на ЕК за мајката фирма на ЕДС, кандидатот за универзален снабдувач

8 фев. 2024 г.·3 мин читање·1279 прегледи

Следете не на Viber

Со предаторските цени, со кои ја исклучил конкуренцијата на пазарот, ППЦ – најголемиот грчки снадувач со електрична енергија ги прекршил антимонополските правила на Европската унија. Тоа е ставот на Европската комисија, која утврдила дека компанијата настапувала со цени многу пониски од реалните, со што им попречила на напорите за либерализација на малопродажниот пазар.

Од ППЦ, која е мајка на ЕДС што функционира на македонскиот пазар, веднаш реагираа – наводите на Комисијата се однесуваат на периодот од јули 2013 до 31 декември 2019 година, кога грчкиот пазар на електрична енергија се уште не беше регулиран согласно моделот на ЕУ. И, најважно, нагласуваат, многу пред трансформацијата на ППЦ во модерна компанија за одржлива енергија.

ППЦ е најголемиот играч на грчкот пазар за електрична енергија, во кој државата поседува важен малцински удел. Според ЕК, во периодот од 2013 до 2019 година ППЦ ги контролирал сите капацитети на лигнит и хидроелектраните, како и некои од постројките за производство на природен гас и обновливи извори на енергија. Бил активен и во снабдувањето со енергија на малопродажните и деловните потрошувачи.

Прелиминарниот став на Комисијата е дека ППЦ имал доминантна позиција на меѓусебно поврзаниот грчки пазар на електрична енергија, кој во посочениот период ги опфаќал грчкото копно, јонските и неколку острови во Егејското море.

Во таа насока ЕК изразува прелиминарна загриженост дека помеѓу 2013 и 2019 година ППЦ ја злоупотребил својата доминантна позиција на големопродажниот грчки пазар, затоа што го снабдувал со електричната енергија произведена во сопствените термоцентрали, по цени под нивните варијабилни трошоци.

Од ППЦ наведуваат дека целиот случај започнал со контрола од Комисијата во просториите на компанијата, во февруари 2017, а постапката формално била отворена во март 2021 година. И потенцираат – „ППЦ соработуваше со Комисијата во текот на целиот случај“.

ППЦ ќе продолжи да соработува со Комисијата и ќе ги преземе сите соодветни и неопходни чекори за одбрана на своите права, наведено е во реакцијата објавена на веб-страницата на компанијата.

Инаку, ќерката на грчкиот снабдувач со струја, ЕДС, во мометот е во трка за универзален снабдувач со струја на домаќинствата во Македонија. Во конкуренција е со ЕВН Хоум и ЕСМ. Од ЕДС АД Скопје, кои настапуваат со „Пан Интертрејд“ ДОО Скопје понудија бруто маржа од 11,45 проценти, повисока од другите две понуди.

Клучни зборови

  • Европска комисија
  • ЕДС АД Скопје
  • ППЦ Грција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk