Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Групацијата Аутомакедонија со зголемен профит за 32 отсто во првото полугодие од 2022

14 авг. 2022 г.·2 мин читање·1116 прегледи

Следете не на Viber

Под мотото „Годините не се само бројка“ Аутомакедонија годинава го одбележува своето јубилејно 75 годишно постоење на пазарот.

„Аутомакедонија“ бележи најдолго постоење во областа на автоиндустријата во Македонија. Oснована e во далечната 1947 година, со основна дејност – трговија со производи од автоиндустрија. Како компанија која ги следи промените и постојано ги надградува услугите што ги нуди на пазарот, денес во склоп на групацијата се вбројуваат АМ Церт- компанија специјализирана за технички преглед, хомологација, атест, инспекција и едукација, АМ Брокер – осигурителен брокер кој посредува при сите типови на осигурување, СИЦ Битола-сообраќаен испитен центар за добивање возачки дозволи и Ауто 1 Рент – компанија специјализирана за рентакар услуги и оперативен лизинг.

„Аутомакедонија како основоположник на автоиндустријата во Македонија , во својата долга историја била застапник, дилер и сервисер на неколку светски брендови вкучувајќи ги СААБ, Сканиа, Ивеко, Застава, Тојота, Мерцедес, Хјундаи, Фиат, Шкода, Волга и Рено.

Денес „Аутомакедонија“ може да се пофали со долгогодишна, успешна соработка со уште неколку големи имиња од автомобилската индустрија како што се Opel и Ssangyong во делот патничките автомобили и лесни комерцијални возила, а во делот на комерцијалните пикап-возила, камиони и автобуси со брендовите Isuzu и Piaggio Commercial за кои е официјален застапник.

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ И ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА КОМПАНИИТЕ ВО ГРУПАЦИЈАТА АУТОМАКЕДОНИЈА ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2022 

Групација АУТОМАКЕДОНИЈА консолидирано во периодот 01.01.2022 – 30.06.2022 година оствари позитивен финансиски резултат, односно нето добивка во износ од 12,4 милиони денари, што претставува 32% зголемување во однос на истиот период 2021 година.

Зголемувањето на нето добивката во 2022 година, се должи и на зголемена бруто разлика во цена за 6% во однос на стабилно ниво на оперативни расходи, вклучувајќи зголемени финансиски приходи во однос на намалени финансиски расходи за 42%.

Билансот на состојба бележи зголемување на оперативните обртни средства во најголем дел во оперативна залиха во однос на зачувување на цените во брзорастечка и непредвидена инфлација на цените како и ризици поврзани со испораки на возила и резервни делови.

Клучни зборови

  • Аутомакедонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk