Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Групацијата Арикома ја купува компанијата „Мусала Софт“

4 авг. 2022 г.·3 мин читање·1341 прегледи

Следете не на Viber

Групацијата АРИКОМА (ARICOMA) и „Мусала Софт“ најавуваат договор за аквизиција на „Мусала Софт“. Групацијата АРИКОМА, која е дел од KKCG, е европски давател нa ИТ услуги и напредни технологии, кој се развива со забрзано темпо. Оваа инвестиција е уште еден чекор напред во стратешкиот развој на АРИКОМА.   

Со „Мусала Софт“, Групацијата АРИКОМА ќе се состои од 10 технолошки компании со консолидирани приходи од 400 милиони евра, добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) од 39 милиони евра, и повеќе од 4000 вработени. 

„Со преземањето на ‘Мусала Софт’, стануваме лидер во развојот на софтвер од Југоисточна Европа. ‘Мусала‘ природно се вклопува кон АРИКОМА и  нашата цел да станеме европски лидер,  и токму затоа се радуваме што ќе работиме заедно. Нивната иновативна култура и извонреден кадар дополнително ќе ги зајакнат нашите вештини како и нашиот потенцијал на пазарот. Принципите за развој на бизнис што ги има инкорпорирано лидерскиот тим на компанијата, во фокус го ставаат клиентот и се темелат на пристапот за решавање на проблеми. Веруваме дека, како дел од АРИКОМА, ‘Мусала‘ ќе доживее значителен успех и дека заеднички ќе ги забрзаме нашите долгорочни планови за раст и создавање вредност“, вели Лудовик Гауде, извршен директор на АРИКОМА Дигитал. 

„Со нетрпение чекаме да ги здружиме нашите сили со АРИКОМА и KKCG и да започнеме ново и побрзо поглавје од нашиот развој. Взаемната синергија, која се должи на заедничка и комплементарна база на клиенти и експертиза, ни дава доверба и ја зголемува возбудата за она што е пред нас. Се разбира, ние ќе ја задржиме, а заедно и ќе ја продлабочиме посветеноста за развојот на ИТ заедницата, деловната клима, информатичкото образование, науката, иновациите и поддршката на млади таленти“, вели Елена Маринова, претседател на Одборот на „Мусала Софт“.

„Задоволен сум што успеавме да постигнеме договор со ‘Мусала‘. Ова е наша втора аквизиција годинава и е дел од нашата стратегија да ја издигнеме АРИКОМА во значаен играч во Европа. ‘Мусала‘ има интересно портфолио на клиенти, што ќе ги зајакне нашите вертикали во телекомуникацискиот, финансискиот и автомобилскиот сектор. И покрај предизвиците со кои се соочува денешницата, ИТ секторот продолжува да расте и да ја зголемува својата релевантност. Ние остануваме оптимисти во однос на долгорочниот потенцијал на индустријата“, додава Михал Томанек, директор за инвестиции во технологија на Групацијата KKCG, инвестициската компанија што стои позади Групацијата АРИКОМА.

Договорот кој го потпишаа сопствениците на „Мусала Софт“ и групацијата АРИКОМА е за продажба на 100-процентен удел во компанијата. Целокупниот менаџерски тим на „Мусала Софт“ ќе остане во одборот на долг рок и активно ќе учествува во градењето на иднината на АРИКОМА. Се очекува трансакцијата да биде одобрена од соодветните антимонополски институции и да се реализира во четвртото тромесечие од оваа година.

За финансиската страна на продажбата, „Мусала Софт“ се советуваше со Deepak Bhandari од Marylebone Capital Advisors Private Limited, додека CMS Cameron McKenna беше во улога на правен советник.

Клучни зборови

  • АРИКОМА
  • Мусала Софт
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk