Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Граѓаните сѐ повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање во земјава

30 сеп. 2022 г.·2 мин читање·563 прегледи

Следете не на Viber

Плаќањата од страна на граѓаните во трговијата во земјата со платежни картички издадени од издавачи во земјата, во вториот квартал од 2022 година, забележаа годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 22,9% и 17,8%, соодветно. Притоа, бројот на извршени трансакции забележа годишен раст од 18,3% на физичките места на продажба, односно од 12,6%, на виртуелните (интернет) продажни места, во споредба со вториот квартал од 2021 година. Овие податоци укажуваат дека граѓаните и натаму сè повеќе ги користат дигиталните канали за вршење на плаќањата.

Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер, во вториот квартал од 2022 година, е забележан годишен раст од 14% кај вредноста на трансакциите, односно 5,5% кај бројот на извршените трансакции, во споредба со истиот период од 2021 година.

Граѓаните и понатаму ги користат придобивките од електронското банкарство при иницирањето на кредитните трансфери. Така, бројот на електронски иницираните кредитни трансфери во вториот квартал од 2022 година се зголемил за 11% на годишна основа. За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации (раст од 19,9% на годишна основа), што повторно укажува на натамошно менување на навиките при извршувањето на плаќањата во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање. 

Во првото полугодие на 2022 година, кај граѓаните е остварен годишен раст на вкупниот број на плаќања со платежни картички и кредитни трансфери од 15,1%, односно 10,9%, соодветно.

Клучни зборови

  • електронското банкарство
  • кредитен трансфер
  • Народна банка
  • Платежни картички
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk