Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Гранит“ проектира и гради добивка

21 авг. 2023 г.·2 мин читање·1053 прегледи

Следете не на Viber

За 34 насто е зголемена добивката на ГД „Гранит“ АД Скопје. Во првото шестмесечие остварената консолидирана добивка изнесува 71.620 илјади денари, односно 1,16 милиони евра.

Финансиските резултати се позитивни и покрај тоа што повеќето од друштвата во составот на компанијата прикажуваат загуби забележани во неревидираните консолидирани финансиски извештаи.

Од јануари до јуни вкупните приходи се во износ од 2.362.320 илјади денари или 38,3 милиони евра. Во однос на истиот период лани има зголемување од 14 проценти.

Во тие рамки, од продажбата има приливи од 2.249.303 илјади денари/36,5 милиони евра и споредбата покажува дека за една година се повисоки за 18 насто. Пад од 17 отсто има кај финансиските приходи, кои изнесуваат 60.736 илјади денари (986 илјади евра).

Компанијата прикажува консолидирани вкупни расходи од 2.290.700 илјади денари (37,1 милион евра). Во однос на споредбениот период, во овој сегмент растот е за 13 насто. Притоа се посочува дека за разлика од останатите трошоци кои се намалени за осум отсто, повисоки за пет проценти се оние кои се одвојуваат за вработените.

Што се однесува до поединечните достигнувања, матичното друштво „Гранит“ АД Скопје првото полугодие го заокружило со финансиски резултат од 80.156 илјади денари или 1,3 милиони евра. Во позитива се и Карваш ДООЕЛ Скопје со 1.545 илјади денари (25 илјади евра) и Гранмак Виена гмбх со 845 илјади денари (14 илјади евра).

Во првата половина од годинава со загуба работеле Хотел „Гранит“ ДООЕЛ Охрид со евидентирани -9,806 илјади денари (речиси 160 илјади евра), Гранмак експорт-импорт гмбх Германија со -903 илијади денари (14,7 илјади евра), Босна Подружница со -170 илјади денари (2.800 евра) и Босна ДОО Бања Лука со -47 илјади денари (760 евра).

Во шестмесечниот период компанијата инвестирала 1,6 милиони евра во опрема и механизација.

До крајот на септември, пак, акционерите на „Гранит“ ќе ја добијат дивидендата за 2022 година. Сумата е 1,6 милиони евра, а бруто-износот по акција е 36 денари.

Клучни зборови

  • гранит
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk