Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Градежништвото koj e двигател на 27 индустриски гранки ќе бидe клучен во овие тешки времиња за економијата

16 мар. 2022 г.·2 мин читање·875 прегледи

Следете не на Viber

Градежната комора на Македонија го одржа годишното собрание на кое за свој претседател го реизбра генералниот директор на “Голден Арт”, Ивица Јакимовски. Воедно, во согласност со Законот за стопански комори, како и во согласност со Статутот на Градежната комора, на предлог на Управниот одбор донесе одлука со која го замрзнува своето членство во Сојузот на Стопански Комори на Македонија и во иднина ќе делува и настапува самостојно.

“Ова се специфични времиња со голем број предизвици кои треба да се премостат, да се преживеат со што помали загуби и од истите да се извлечат важни поуки за идното делување. Имајќи го предвид сето ова, Управниот одбор на Градежната комора на Македонија излезе со став дека во иднина треба да делува самостојно и надвор од системот на Сојузотна Стопански Комори, со цел најдобро да го штити и унапредува работењето на своите членки. Сега повеќе од било кога е потребна силна меѓусебна соработка, јасна и ефективна комуникација со институциите, како и антиципирање и адекватна рана реакција на било какви потреси од пошироки размери кои би имале директна импликација врз градежниот сектор на сегашните и идни проекти кои ги имаат под своја надлежност нашите членки. Покрај сите актуелни и идни предизвици, градежништвото останува двигател на уште 27 индустриски гранки кои директно влијаат на економскиот раст, а со тоа и на движењето на севкупната општествена економија. Согледувајќи го фактот за важноста на градежниот сектор во вакви клучни периоди за економијата, неминовно е истиот да биде основата за пребродување на постоечките кризи и потпора за растот кој треба да следи– истакнува претседателот на Градежната комора Јакимовски.

Клучни зборови

  • Градежна комора
  • Ивица Јакимовски
  • Сојуз на Стопански Комори на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk