Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Uncategorized

Гостивар доби зелен Халк Корнер обезбеден од Халкбанк

19 авг. 2021 г.·3 мин читање·116 прегледи

Следете не на Viber

Во Градскиот парк во Гостивар денеска беше пуштен во употреба зелениот корнер чие уредување беше донација на Халкбанк АД Скопје кон Општина Гостивар. Новиот Халк Корнер е дел од активностите од платформата HalkEco чија цел е заштита и унапредување на животната средина, создавање здрави навики кај населението и подигање на еколошката свест и грижа за околината.

Халк Корнерот е опремен со ново зеленило, урбана опрема и осветлување, а пуштена е во употреба и фонтаната, со што Гостивар доби ново урбано катче со кое дополнително се оплеменува и разубавува пејзажот на Градскиот парк како едно од најпосетените места во градот.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, упати голема благодарност до Халкбанк како општествено одговорна компанија којашто излезе во пресрет на Општина Гостивар и овозможи креирање на едно убаво катче во Градскиот парк во кое ќе можат да уживаат гостиварчани.

Според Билал Суџубаши, првиот човек на Халкбанк, во агендата на општествено одговорни активности на банката еден од приоритетите е поддршката на активности што придонесуваат за здрави животни навики и заштита на животната средина

„Градскиот парк е сигурно најубавото место во Гостивар, зелена оаза, место за прошетки, рекреација и уживање на граѓаните. Бидејќи како банка настојуваме со нашите општествено одговорни активности да поттикнеме здрави животни навики и да придонесеме за заштита на природата, за што ја креиравме платформата HalkEco, со задоволство одлучивме и во Гостивар да уредиме едно катче кое ќе биде пријатно место и во кое луѓето ќе го минуваат слободното време и кое се надеваме дека ќе донесе многу убави моменти, дружби и ќе биде место кое ќе создаде многу спомени. Истовремено ги поканувам гостиварчани да ја користат апликацијата HalkEco бидејќи на тој начин сите заеднички даваме придонес за природата“, рече Суџубаши.

Халкбанк АД Скопје како прва еко банка, ја разви мобилната апликација HalkEco која има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност, банката засадува дрвја. Во моментов, бројот на засадени дрвја од страна на Халкбанк АД Скопје достигна над 27.000. Во рамките на оваа платформа минатата година беше реализирана реконструкција на 19 пешачки мостови во Градскиот Парк во Скопје, беше поставена еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструиран пешачкиот мост во Крушево и уреден Халк Корнер во ТЦ Лептокарија во Скопје. Дел од платформата беше и поддршката за ланската трка HalkEco Хронометар 10KM, годинешната HalkEco Скопје Трча 10КМ, како и организирањето од страна на банката на велосипедската хронометар трка Halk Velo Green, која и годинава ќе се одржи на 8 септември во Маврово. Халкбанк е и единствената банка од регионот која е дел од глобалната иницијатива „Priceless Planet“ на Mastercard чија цел е засадување 100 милиони дрвја на планетата во текот на следните пет години.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Арбен Таравари
  • Билал Суџубаши
  • гостивар
  • Халк Корнер
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk