Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ГОДИНАВА АЈВАРОТ ЌЕ БИДЕ „СОЛЕН“: Пиперката се откупува за 50 денари, на зелените пазари се ПРОДАВА и за 100 денари

21 авг. 2024 г.·2 мин читање·2073 прегледи

Следете не на Viber

Ајварот годинава ќе биде поскап. Постигнат е договор откупната цена на црвената пиперка да биде 50 денари за килограм прва класа.

Прва класа црвена пиперка-куртовска капија се откупува за 50 денари во гајба, прва класа за индустриско производство-40 денари за килограм, втора класа 30 и 20 денари.

Според трговците, овие откупни цени се очекува да важат и за откупот на црвената пиперка од отворено. Таа треба да почне да се бере за десетина денови и најмногу е наменета за подготовка на ајвар.

На зелените пазари, цената на доматите не се симна под 70 денари за килограм, зелените пиперки стигнаа над 100 денари, цената на килограм индустриска краставица стигна и до 130 денари, а на индустрискиот пипер – ајварка од 60 до 100 денари, во зависност од големината.

Во Струмичко привршува откупот на црвената пиперка-куртовска капија произведена во пластеници. Откупната цена се движи од 20 до 50 денари за килограм во зависност од квалитетот, а трговците велат дека и годинава производството е намалено во споредба со лани.

Од компанијата „З пласт“ од село Муртино, велат дека откупот почнал на почетокот на минатиот месец и досега секојдневно црвената пиперка-куртовска капија најмногу се извезува на пазарите во Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија.

Од Националната земјоделска мрежа е,велат дека поради климатските промени, количините се преполовени, а квалитетот е намален. Со оглед на зголемените трошоци, тие додаваат дека и оваа цена за нив е ниска.

-На пример, на пазарот во Штип, некои денови нема домати. Ние немаме веќе домашно производство, сè е од увоз. И она што го има сушата го уништи, односно 60-70 отсто е трета класа. Поради слабиот квалитет, родот што сè уште не е набран, брзо скапува. За жал, тоа е реалноста и ќе мора да се соочиме со тоа дека земјоделските производи ќе бидат сè поскапи и ќе ги нема – истакнуваат од Националната земјоделска мрежа.

Клучни зборови

  • ајвар
  • откуп
  • пиперка
  • поскапување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk