Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Гласен текстилец” ќе го оспори Законот за недела неработен ден

10 јун. 2021 г.·2 мин читање·1203 прегледи

Следете не на Viber

Класична манипулација е законот недела неработен ден за работниците, оцени Кристина Ампева од „Гласен текстилец”-Штип, кое како здружение низ годините бараше и е иницијатор за прогласување на недела неработен ден. Освен 37 дејности кои можат да работат во недела, во законот нема дадено и автентично толкување за фирмите кои имаат карактер на придружни или помошни дејности, кои можат да работат во недела.

-Во приватниот сектор ние немаме евиденција за работно време и затоа сметам дека ова сега што се продава од страна на Сојузот на синдикати, како социјален партнер,  е само продавање магла. Значи, недела не е неработен ден, туку ќе биде работен ден и тоа за многу дејности, дополнително е и што нема автентично толкување, кои се тие помошни, придружни дејности. Можат да произлезат уште 100 од нив и фактички ќе биде легално прекршување на работничките права во име на профитот, вели Ампева.

Забележува дека како „Гласен текстилец” се труделе недела да биде навистина неработен ден и овој Закон не го гледа како подобрување на работничките права, туку спротивното. Очекува злоупотреби од страна на одредени работодавци, каков што и беше примерот со злопоупотребата на  субвенциите за плати во првите сет-мерки, а истите фирми си продолжуваат и во петтиот и остануваат неказнети.

Решение за компаниите навистина да го почитуваат недела неработен ден е конечно  да се поврзат електронски за евиденција на работното време со УЈП, дотогаш, според Ампева, ова е класична манипулација. Порача дека „Гласен текстилец” заедно со други здруженија и синдикати ќе го оспори Законот на Уставен суд.

Клучни зборови

  • Гласен текстилец
  • манипулација
  • недела неработен ден
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk