Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Германците најбогати во Европа, во Швајцарија секој седми е милионер

21 фев. 2022 г.·2 мин читање·4939 прегледи

Следете не на Viber

Германија е на самиот врв во Европа по личното богатство акумулирано во вредност од повеќе од 16 милијарди евра, покажува студијата на Швајцарскиот институт, во која се нагласува натамошното проширување на јазот меѓу богатите и сиромашните. И покрај падот на економската активност, личното богатство порасна во 2020 година, првата година од пандемијата, според истражувањето на 16 земји од ЕУ и Швајцарија.

Германија ја предводи Европа со лично богатство од 16,4 милијарди евра, а потоа следат Франција со 12,6 милијарди евра и Велика Британија и Италија со по 10 милијарди евра, покажува студијата на Redesigning Financial Services (RSF), институт со седиште во Цирих, пренесува Seebiz.

Реалниот бруто домашен производ на 16 земји од Унијата и Швајцарија се намалил за 6,4 отсто во пандемијата 2020 година, додека личното богатство се зголемило за 3,9 отсто, на рекордни 69 милијарди евра.

Ова покажува дека јазот во богатството меѓу богатите и сиромашните се зголемува, а таквиот тренд ќе продолжи, велат авторите на истражувањето.

Според нивниот извештај за богатството во Европа, Германија забележала и најголем број милионери, 2,9 милиони, а потоа следат Британија и Франција со по 2,5 милиони.

Швајцарија, пак, води по уделот на милионери во вкупниот број на население, кој достигнува 14,1 отсто, што значи дека приближно секој седми граѓанин спаѓа во таа група.

Истражувањето покажа и сè поизразена концентрација на богатство. Така, најбогатите 10 проценти од европските домаќинства поседуваат околу половина од нето богатството на Европа. Најбогатиот еден процент од Европејците поседуваат 19 отсто од вкупното богатство.

Клучни зборови

  • богати
  • британија
  • Германија
  • милионер
  • милионери
  • франција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk