Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Германија би заштедила 4,7 милијарди евра годишно со легализирање на канабисот

18 ное. 2021 г.·2 мин читање·1497 прегледи

Следете не на Viber

Легализацијата на канабисот може да ѝ донесе на Германија годишни даночни приходи и заштеди од приближно 4,7 милијарди евра и да отвори 27.000 нови работни места, покажа истражување објавено вчера, додека политичарите се обидуваат да ги договорат правилата за новиот сектор.

Веројатниот иден канцелар Олаф Шолц и неговите централно-левичарски Социјалдемократи (СПД) преговараат за тринасочна коалиција со Зелените, еколозите и либералната ФПД.

Преговарачите од СПД, Зелените и ФДП сè уште ги разработуваат деталите од коалицискиот договор, вклучително и правилата според кои продажбата и рекреативната употреба на канабис во најголемата европска економија ќе биде дозволена и регулирана.

Студијата на Институтот за пазарна конкуренција (DICE) при Универзитетот Хајнрих Хајне во Диселдорф, нарачана од Германското здружение за канабис, покажа дека легализацијата на канабисот ќе доведе до дополнителни даночни приходи од 3,4 милијарди евра годишно.

Во исто време, тоа може да донесе заштеди од 1,3 милијарди евра годишно за полицијата и правосудниот систем и да отвори десетици илјади работни места во индустријата.

Легализирањето на канабисот во Германија ќе го поттикне растечкиот европски пазар, кој се очекува да генерира повеќе од три милијарди евра годишно до 2025 година, во споредба со околу 400 милиони евра оваа година, според европскиот извештај за канабис на аналитичката фирма Prohibition Partners.

Употребата на канабис за медицински цели е легална во Германија од 2017 година.

Клучни зборови

  • Германија
  • канабис
  • легализација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk