Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Uncategorized

Гаранција од Гарантниот фонд до 50 проценти од износот на кредитот за извоз преку Развојната банка

Пари·25 сеп. 2021 г.·2 мин читање

Големите домашни извозни компании со доминантна приватна сопственост кои реализирале најмалку 30 проценти од своите приходи од извоз во последната фискална година можат да добијат гаранција до 50 проценти од износот на кредитот за извоз.

Од Развојната банка информираа дека со гаранцијата може да бидат покриени кредити чиј износ се движи од 3.075.000 денари до 30.000.000 денари.

Барањето за издавање на индивидуална гаранција може да се поднесе директно до Развојната банка, а достапно е и на веб страницата на банката под Производи – Гаранции. По добивање на барањето, тоа се процесира и се издава индивидуална гаранција од Развојната банка кон онаа банка или штедилница од која компанијата ќе го земе кредитот.

– На овој начин, преку гаранција од Гарантен фонд до 50 проценти од износот на кредит за извоз, се обезбедува значителна поддршка на извозниците во насока на обезбедување дел од колатералот за кредит. Како обезбедување за индивидуалната гаранција се користи меница, велат од Развојната банка.

Гаранцијата може да се движи од 1,5 милиони денари до 15 милиони денари и е овозможена преку воспоставувањето на кредитно-гарантна шема поддржана од државата.

Со дополнување на Законот за Развојна банка на Северна Македонија се формираше Гарантен фонд како посебна организациска единица. За Гарантниот фонд иницијално се одвоени средства во износ од 10 милиони евра, со што ќе може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 100 милиони евра. Во текот на 2021 година е предвидено зголемување на расположливите средства на Гарантниот фонд за дополнителни пет милиони евра, со што ќе може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 150 милиони евра.

Клучни зборови

  • Гарантен фонд
  • Развојната банка
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk