Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Втората по големина германска банка годинава затвора 240 експозитури

9 јул. 2021 г.·3 мин читање·2367 прегледи

Следете не на Viber

Банката, која долго време се придржуваше до нејзината релативно кохезивна мрежа на филијали, се смени радикално за време на мандатот на новиот извршен директор Манфред Кноф. До крајот на 2024-та година, бројот на позиции со полно работно време во групата треба да се намали од околу 39.500 на 32.000.

Смалувањето на мрежата на филијали на „Commerzbank“ станува се поконкретно: списокот на филијали што ќе бидат затворени низ целата земја е подготвен, објави кредиторот. Банката има намера да затвори 240 експозитури во Германија оваа година и треба да започне да се затвораат во октомври.

Така, мрежата на филијали во Германија ќе се намали за скоро половина – од 790 на 450 места. Намалувањето на филијалите во Германија треба да заврши во 2022-ра година. Клиентите на банките сè повеќе користат дигитални понуди за вршење банкарски трансакции, поради што голем број кредитори ги намалуваат мрежите на нивните експозитури.

Банката не објави јавно комплетен список со 340 погодени. Портпарол ги потврди информациите од извештаите на медиумите за одделни федерални држави и региони. Според овие информации, „Commerzbank“ ќе затвори осум од 36 експозитури во Берлин, 38 од 78 во Баден-Виртемберг, 11 од 27 во Хамбург, 17 од 46 во Саксонија, 7 од 23 во Саксонија-Анхалт и 17 од 35 во Шлезвиг-Холштајн.

Според портпаролот, банката ќе затвори 23 филијали во Хесен, а 99 експозитури се наоѓаат во таканаречениот „западен регион“, кој ги вклучува Северна Рајна-Вестфалија и делови од Долна Саксонија.

Со тежок курс за штедење, Кноф, кој ја презеде банката од 1-ви јануари, сака да ја врати „Commerzbank“ на патот кон успехот откако изгуби милијарди долари во 2020-та година. Рамката за намалување на илјадници работни места во Германија е веќе договорена со претстаници на синдикатот на вработените и до крајот на годината раководството сака да разјасни како деловните единици ќе се прилагодуваат во иднина.

Менаџментот има намера да избегне отпуштања од оперативни причини, но не ги исклучува. Наместо тоа, тој претпочита со заминување преку пензија или доброволно заминување. Пред неколку недели, „Commerzbank“ ги зголеми очекуваните трошоци за планот за преструктуирање на нешто повеќе од 2 милијарди евра откако постигна договор со Работничкиот совет за намалување на работните места, што беше поскапо отколку што се очекуваше претходно.

До крајот на 2023-та година, банката има намера да оствари поврат на капиталот од пет до седум проценти со помош на намалување на трошоците.

Според луѓето запознаени со ова прашање, околу 450 од сегашните 800 филијали во Германија ќе станат технолошки вишок. Планот е да има 230 до 250 главни експозитури и 200 до 220 локални експозитури, кои ќе служат само на приватни клиенти.

Првобитната идеја за само 200 филијали и 300 до 400 таканаречени услужни места со само неколку вработени повеќе не е релевантна.

Клучни зборови

  • Commerzbank
  • филијали
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk